На Consumer Electronics Show во Лас Вегас, Samsung претстави еден
прототип кој помина речиси незабележано: лаптоп со проѕирен екран!
Изложен е без посебни коментари и дополнителни објаснувања, а ни
луѓето на штандовите на Samsung не откриваа ништо повеќе од она што
можеше да се погледне и тестира. Има екран од 14 инчи, а е забележано
дека е означен под непостоечкиот бренд Amoled. Тоа е всушност кратенка
за технологијата OLED со активна матрица. Амбициозните посетители
пресметале дека
пропушта 40% од позадинската светлина. Samsung очигледно пушти „пробен балон“ за да го измери т.н. Wow!
ефект произведен без најава меѓу посетителите, за да дознае кому и по
која цена би го продавал овој производ, доколку воопшто дојде и до
сериско производство на моделот.
Малкумина од посетителите ја воочија вистинската цел на проѕирниот
лаптоп, освен можеби во училишниот процес: предавачот да може да следи
што учениците гледаат на своите монитори за време на часот - иако ова е
изводливо и на многу полесен и поефтин начин со соодветен софтвер. Дали би го купиле чудово и колку сте подготвени да платите за еден
ваков чалам? Барем нам, не ни мириса ефтино. Ама дефинитивно, Star Trek
технологијата пополека станува наша реалност https://www.youtube.com/watch?v=fPY7WYBtq8w&feature=player_embedded